Search

Зидан ја одбил понудата да седне на клупата кај Манчестер јунајтед

Француската фудаблска легенда Зинедин Зидан го одбил англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед  да го преземе кормилото по отказот кој му беше даден на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, објави денеска „Би-Би-Си“.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој во два мандати донесе две шампионски титули во Ла Лига и три европски круни во низа за „кралевите“  важеше за прв фаворит за нв тренер на „црвените ѓаволи“. Англиски медиуми објавија дека е заинтересиран за работа на „Олд Трафорд“, но наводно неговата сопруга Вероника не му дава да дојде во Манчестер зашто не и се допаѓа животот на Островот.

Според една од најпознатите британски ТВ-куќи, Зидан го одбил Јунајтед од една причина, чека повозбудлива работа, а има две желби – или клупата во ПСЖ или селекторскатља фотелја кај француската репрезентација објави британскиот сервис.

Зизу во моментов е без работа откако си замина од „кралскиот клуб“, каде во првиот мандат работеше од 2016 до 2018 година кога освои една титула во Ла Лига и три во ЛШ, а потоа се врати на клупата во 2019 година и освои уште една шампионска титула во шпанското првенство.

Треба да знаете
Последни објави