Search

Зидан: Реал ќе го елиминира Ливерпул ако го добие за ривал во осминафиналето од ЛШ

Учесниците во нокаут-фазата во Лигата на шампиони се познати, а полу-диригираната ждрепка за осминафиналето ќе се одржи на 16 декември во 12 часот, во Нион. Екипите се поделени во две групи. Првата ја сочинуваат победниците од осумте групи: Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Лајпциг, Ливерпул, Манчестер сити, ПСЖ и Валенсија, а во другата се второпласираните: Аталанта, Атлетико Мадрид, Челзи, Борусија Дортмунд, Лион, Наполи, Реал Мадрид, Тотенхем.
Она што е впечатливо сезонава е дека сите 16 осминафиналисти доаѓаат од петте најсилни фудбалски лиги во светот. Најмногу претставници во нокаут-фазата ќе имаат Шпанија и Англија по 4, Германија и Италија по 3 и Франција 2. Екипите од првиот барабан на првите средби ќе бидат гости, а реванш натпреварите ќе ги играат пред своите домаќини. Првите средби ќе се играат на  18/19/25/26 февруари, а реваншите на 10/11/17/18 март.
Рекордерот со освоени европски титули, тринаесеткратниот првак Реал Мадрид ќе биде најнепосакуваниот ривал за тимовите од првата група. „Кралевите“ во првата елиминаторна рунда  можат да се соочат со актуелниот бранител на трофејот Ливерпул. Ваков исход од ждрепката не го плаши тренерот на Реал Мадрид, трофејниот Зинедин Зидан кој со „кралевите“ осови три европски титули по ред во 2016, 2017 и 2018 година.
-Ако го добиеме Ливерпул за противник ќе ги елиминираме. Што се однесува до ждрепката, тука не може ништо да направиме, вели Зидан.

Треба да знаете
Последни објави