Search

Зидан: Проблемот на Винисиус е што во Реал ги имаме Азар и Родриго

Младиот бразилски фудбалер Винисиус, нема да биде пуштен на позајмица во јануари, и останува со Реал Мадрид, рече тренерот Зинедин Зидан, како одговор на шпекулациите дека Винисиус би можел да биде испратен на „калење” на друго место.

Винисиус не беше ниту меѓу резервите на последните два меча на Реал, па почнаа да се шират гласини дека Бразилецот ќе треба да го напушти тимот уште во јануари. Но, Зидан сериозно смета на него и веројатно ќе го стави во тимот викендов против Алавес, бидејќи отсутен ќе биде Белгиецот Еден Азар, кој има повреда.

„Винисиус нема да си оди, останува со нас. Сметам на него, но имам 26 играчи, не може сите да играат. Периодов не е најдобар за него, но ќе дојдат и неговите пет минути. Проблемот е што имаме ист тип на играчи како него, на пример Азар и Родриго” – изјави Зидан.

Треба да знаете
Последни објави