Search

Зидан одби да стане тренер на Јувентус

Јувентус се обидува да го донесе на тренерската позиција предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Французинот е најпосакуваната опција меѓу газдите на „старата дама”, објави „Sport Mediaset”.

Пред неколку дена Јувентус веќе му предложи на Зидан, но доби љубезно „Не”. Сепак, испаѓањето на Реал од Лигата на шампионите, раководството на „бјанконерите” ќе направаи уште еден обид да го убеди Французинот.

Веројатноста Антонио Конте или Масимилијано Алегри да се вратат во Јувентус се оценува како мала.

Маурицио Сари е разрешен од функцијата главен тренер на Јуве. Тој го предводеше клубот пред почетокот на сезоната 2019/20. Под негово водство екипата стана шампион на Италија, но не успеа да ги освои Купот и Суперкупот на земјата, а вчера беше елиминиран од Лион во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави