Search

Зидан најблиску до клупата на Њукасл

Новите сопственици на англискиот фудбалски поремиерлигаш Њукасл имаат големи амбиции да направат силен тимот, па веќе се во потрага на звучни и проверени имиња за да го формираат „дриим-тимот“. Приоритет им е ангажманот на елитен тренер, Шпекулациите во англиските медиуми откако ги одбиле Антонио Конте и Брендан Роџерс сега се дека прв на листата на желби избил Зинедин Зидан. Поранешниот тренер на Реал Мадрид според медиумите го прифатил новиот предизвик.

Зидан ќе има одврзани раце да прави супер тим, а челниците на Њукасл сметаат дека со такво име на кормилото преговорите со фудбалерите ќе бидат многу полесни. Французинот минатата сезона го заврши својот втор мандат на клупата на Реал Мадрид по што реши повторно да си замине.

Треба да знаете
Последни објави