Search

Зидан му наредил на Перез во јуни да се ангажира ѕвездата на Ливерпул

Еден од најпрестижните француски спортски медиуми , пренесува дека Зинедин Зидан му наредил на Флорентино Перез во летниот преоден рок да му го обезбеди потписот на сенегалскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Садио Мане.

Минатата година Мане беше блиску до преселба во „кралскиот клуб“, но откако стана јасно дека Зидан ќе се повлече пропадна и трансферот на одличниот офанзивен фудбалер.

Сега „Франс Фудбал“ пренесува дека Зидан е повторно подготвен да тргне по играчот кој е обврзан со договор со Ливерпул до 2023 година.

Доколку сакаат да ги обезбедат услугите на 26-годишниот фудбалер од Реал Мадрид ќе мора да издвојат најмалку 100 милиони фунти.

И фудбалерот на Челси, Еден Азар останува мета на„кралевите“, а доколку и двајцата пристигнат се поизвесно ќе е заминувањето на Бејл, Васкез, Иско, Асенсио.

Треба да знаете
Последни објави