Search

Зидан мора да го добие ,,Ел Класико” за да остане тренер на Реал Мадрид

Шпанскиот весник „АС“, пренесува дека по мечот со Шахтјор и поразот од 3:2  било бурно во соблекувалната на Реал Мадрид. Наводно првиот човек на тимот Флорентино Перез се симнал во соблекувалната, каде што имал многу да каже.

Но, она што е најважно е тоа дека наводно му поставил ултиматум на Зинедин Зидан. Перез му рекол да победи на следните два меча, првиот во сабота против Барселона, а вториот кој ќе биде практично поправен испит на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах во ЛШ кој ќе се одигра три дена по „Ел Класико“.

По двата шокирачки порази од Кадиз и Шахтјор секако дека ваквите разврски се очекувани.

Треба да знаете
Последни објави