Search

Зидан задоволен од своите избраници на дуелот со Бриж

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по победата над Бриж во натпреварот од последното коло во групата од Лигата на шампионите (3:1), призна дека е задоволен од изданието на своите избраници.

– Заслуживме три бода, бидејќи покажавме многу висока ефикасност. Бриж во првиот дел ги имаше своите најсветли моменти, но во второто полувреме бевме господари на ситуацијата. Задоволен сум од момците што ги избрав за овој натпревар. Импресиониран сум од головите на Винисиус и Родриго, но уште позадоволен сум од тоа како беше одигран овој натпревар како целина, изјави Зидан.

Реал групата во Лигата на шампионите ја заврши на втората позиција со 11 бода, зад ПСЖ кој освои 16.

Треба да знаете
Последни објави