Search

Зидан: Докажавме дека можеме да направиме големи работи со ротации

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека неговите играчи се подготвени за ротации за да се справат со набиениот распоред на тимот, почнувајќи од натпреварот од Ла Лига во сабота на домашен терен против Кадиз.

Реал потоа игра против Шахтјор Доњецк во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите во среда, пред „Ел Класико” против Барселона во саботата – дел од серијата од седум натпревари за 22 дена.

– Разговаравме многупати за ова. За да освоиме нешто во многу долга сезона, мора да правиме ротации. Имаме многу добри играчи, што ни овозможува да правиме промени. Луѓето треба да запомнат низ што помина овој тим, играчите никогаш не мируваат. Имаме серија од седум натпревари, а потоа сите повторно одат во своите репрезентации. Но, јас не се жалам, само објаснувам дека е потребно да се направат ротации и мислам дека само така можеме да победуваме, изјави Зидан на прес.

Треба да знаете
Последни објави