Search

Зибери: Имав тешки симптоми од коронавирусот

Поранешниот директор на Центарот за јавно здравје во Скопје, а сега пратеникот Арбен Зибери при гостувањето на ТВ21 откри дека имал тешки симптоми од корона-вирусот.

-Јас имав тешки симтпоми, и сакам да упатам еден апел до сите граѓани вирусот да не го занемаруваат, истакна Зибери.

Тој апелира до граѓаните да се почитуваат мерките како што се носење на маска и дистанцирање.

Зибери рече дека податоците кажуваат дека старите лица потешко се справуваат со вирусот како и оние кои имаат проблеми со дишните органи.

Треба да знаете
Последни објави