Search

Зибери за „360 степени“: Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери, во изјава за „360 степени“ вели дека министерот за здравство Венко Филипче ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања.

Оваа реакција следува откако Филипче најави дека ќе побара правна рамка за да го разреши Зибери од директорското место, по неговиот фесјбук-статус во кој ѝ дава политички контекст на одлуката на Владата за отворање на границите, врз основа на препораки од Комисијата за заразни болести.

-Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен фејсбук-профил да имам и политички ставови, притоа во ниту еден момент не злоупотребувајќи ја институцијата која ја водам, како што за жал прави министерот Филипче со ваквите изјави со изборна заднина, вели Зибери за „360 степени“.

Треба да знаете
Последни објави