Search

Зибери во #10МИНУТИ: Џафери постапи исправно што го канализираше разрешувањето на Јанева

Во матичната Комисија помина разрешувањето на Јанева. Опозицијата бараше да се одржи седницата за нејзиното итно разрешување. Како според Вас постапи претседателот на Собранието?

-Мислам дека позадината на настојувањето на ВМРО-ДПМНЕ – што поскоро и по секоја цена да се разреши актуелната специјална обвинителка имаше за цел да го стави СЈО надвор од рамките на законот и со тоа да нема законски претставник кој би ги префрлил предметите од СЈО во ЈО, и да нема законски претставник во натамошните процеси, било во истражна или судска фаза. Ова беше нивната цел. Мислам дека првиот човек на законодавниот дом постапи исправно во овој случај што го канализираше прашањето за разрешување на Јанева, на начин на кој што тоа го предвидува Законот за СЈО, кој бара договор меѓу четирите политички партии за да се утврди предложената одлука за разрешување на Јанева, одлука која ја носи Советот на јавни обвинители.

За повеќе информации кликнете тука:https://tv21.tv/mk/ziberi-vo-10minuti-dhaferi-postapi-ispravno-shto-go-kanalizirashe-razreshuvaneto-na-janeva/

Треба да знаете
Последни објави