Search

Зеќири: Собранието мора да биде функционално заради граѓаните 

Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зеќири при гостувањето во емсијата „Анализа“ на ТВ24 нагласи дека никој не сака онлајн седници на Собранието, но гледаме со што се соочуваме, ние организиравме избори за да имаме функционални институции во државата.
Собранието мора да биде функционално, треба да им се овозможи на пратениците што се во изолација да ги следат седниците, да не се доведеме во ситуација да прогласуваме вонредна состојба, порача Зеќири.
Тој додаде дека Уставот не го спречува ова, треба да се смени Деловникот на Собранието, за онлјан да ги следат седниците пратениците што се во изолација.
Во Собранието мора да се носат законите да не дојдеме во вакум ситуација, истакна потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири.
Треба да знаете
Последни објави