Search

Зеќири: Поддршката од ЕУ е 260.000 евра дневно и дополнително ќе расте

Зеќири: Поддршката од ЕУ е 260.000 евра дневно и дополнително ќе расте

По години изолација и неизвесност, Македонија се врати на патот на евроинтеграциите. Имаме покана за влез во НАТО и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Влезот во ЕУ и НАТО е врвен стратешки интерес и обезбедува бројни придобивки и повеќе пари за сите граѓани.

Со пристапните преговори, а потоа и со членството во ЕУ, се отвораат нови фондови од ЕУ, а постојните ќе се зголемуваат.
Денес, нашите пријатели од ЕУ одвојуваат 260.000 евра дневно како поддршка за Македонија. Тоа се 90 милиони евра годишно наменети за земјоделие, инфраструктура, здравство, образование, младински политики. Како што Македонија ќе се доближува до полноправно членство така ќе расте и финансиската поддршка од ЕУ.

Во програмата за транспорт ЕУ за Македонија обезбедува поддршка од 15,5 милиони евра годишно за изградба на патишта, пруги, тунели мостови и друга инфраструктура.
Сета финансиска и институционална поддршка од ЕУ е во насока на развој на државата и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.
Почитувани граѓани,

Македонија и вредносно и цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО. Ајде на 30 септември да ја искористиме можност и да излеземе, да заокружиме ЗА влез во ЕУ и НАТО, да заокружиме ЗА развој и напредок, да заокружиме ЗА европска Македонија.

Треба да знаете
Последни објави