Search

Зеќири: Не е време за политички хирови, измените на Законот за заштита на населението од заразни болести е за поголема превенција од коронавирусот

Ситуацијата е крајно сериозна, тактизирањето во врска со донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на опозицијата е несфатливо и за нас и за граѓаните, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири при гостувањето во емсијата „Анализа” на ТВ24.
Тој нагласи дека Законот не се носи за СДСМ или за ВМРО ДПМНЕ, законот се носи за превенција од заразата со која се соочуваме.
Не е време за политички хирови, ниту за профитирање преку ситни политички поени, крајно време е да се донесе законот. Во меѓувреме има нови препораки за носење заштитни маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и ограничување на бројот на домашни гости, амандманите се изготвени од СДСМ да бидат составен дел на законот, рече Зеќири.
Потпретседателот Зеќири изрази надеж дека нема да има повеќе потреба од тактизирање и дека измените на законот ќе бидат усвоени веќе следната недела.

 

Треба да знаете
Последни објави