Search

Зеќири на трибина во Кичево: На прав пат сме, со право очекуваме почеток на преговори со ЕУ

СДСМ е на правиот пат и работи со срце за граѓаните и за држвата, истакна потпретседателот на Мухамед Зеќири на граѓанската трибина „На прав пат” во Кичево.
За неполни три години станавме пример за целиот свет и со право очекуваме да добиеме почеток на преговори за членство во Европската унија, нагласи Зеќири.
– Со години режимот не делеше по сите основи, без да понуди ништо позитивно, криминалци раководеа по системот раздели, па владеј, а во медиуите доминираа меѓуетнички теми во негативна конотација, додека партнерите во власта пљачкаа и пустошеа.За разлика од тогаш, денес полицијата е во служба на граѓаните, нема ниту една полициска акција во овие 3 години која била тенденциозна, за да предизвика меѓуетнички тензии, а луѓето слободно говорат не се плашат да изговорат нечие име, без страв од одмазда, истакна Зеќири.
Потпретседателот Зеќири порача дека СДСМ гради концепт едно општество за сите, каде сите граѓани, без разлика, еднакво ќе ги остваруваат своите права и обврски и во ниту еден момент нема во фокусот да бидат меѓуетничките теми.

Треба да знаете
Последни објави