Search

Зеќири: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, ја опструираат борбата против коронавирусот

ВМРО-ДПМНЕ ја опструира борбата против коронавирусот, а неспособниот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев, кој треба да реагира, не презема мерки, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири, во гостувањето во ТВ24.

Зеќири истакна дека состојбата со коронавирусот се нормализира, но никој не прогласил дека борбата е завршена и ние уште долго ќе живееме со тоа, со почитување на мерките за заштита.

Единствената институција која казнува ако не се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот е Министерството за внатрешни работи, а министерот Наќе Чулев, по наредба од ВМРО-ДПМНЕ престана да ги казнува граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ да бега од избори, рече Зеќири.

Од литијата во Струга никој не е казнет, министерството за внатрешни работи дозволи во населбите низ Скопје каде сега има најмногу заболени да не се преземе ништо а сега ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека мерките не се доволни, истакна Зеќири.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја опструира борбата против коронавирусот, и бараше да нема полициски час за време на верскиот празник Бајрам, а сега кога мерките се укинати повторно критикува.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во пикот на епидемијата одеше во теретана и се јавуваше во МВР да врши притисок и сега ВМРО-ДПМНЕ сака да каже дека наводно се грижи за здравјето на граѓаните, порача потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири.

Треба да знаете
Последни објави