Search

Зечевиќ во Долнени: Национално, политичко и меѓуетничко обединување за европската иднина е патриотски чин 

Македонско обединување околу европскиот пат на државата, во најширока смисла-национална, меѓуетничка, политичка и општествена е патриотиски чин за заедничка европска иднина, порача вечерва од  Долнени, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на работен состанок со членови и симпатизери на партијата од оваа општина.
Зборувајќи за основите на заедничкото живеење како социјалдемократски принципи Зечевиќ рече дека глобалните констелации повикуваат на заедничко делување и придонес за европската иднина на државата во интерес на сите нејзини граѓани.
-Европската интеграција е политичка визија за еден вид на договор на сите кои живеат во државата. Тоа е нашата одговорност, како принципиелна и државотворна партија, вкорената во македонската државност. Да се обединиме околу европските вредности и европскиот пат во најшироката смисла – национална, меѓунационална, политичка и државна. Ние, социјалдемократите, сме подготвени и пружаме рака за обединети да го креираме современиот пат на интегрирана, посилна и побогата македонска Република. Заедно да делуваме во констелацијата на идните регионални соработки, европски асоцирања, глобални позиционирања, рамо до рамо со европските нации со сите наши посебности. Само така може да ги одбраниме и заштитиме националните, државни интереси и да ја обезбедиме иднината на сите граѓани, рече Зечевиќ.
Треба да знаете
Последни објави