Search

Зечевиќ во Вевчани: Суштински елемент во интеграцијата е зачувување на посебноста и македонскиот идентитет

Освен напредокот и желбата за подобар живот, за подобра иднина на идните генерации, суштински елемент во процесот на европска интеграција е зачувување на посебноста и различноста на македонскиот национален идентитет, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на вечерашниот работен состанок со членови и симпатизери на партијата во Вевчани.

-Социјалдемократските вредности се покажаа како есенцијални во зачувувањето на македонскиот идентитет. Суштински елементи во процесот на интегрирање на секоја нација е напредокот, борбата за подобра иднина и зачувување на сопствената посебност. Со социјалдемократските политики започнавме преговори со ЕУ со зачуван македонски јазик, идентитет. Сега е потребно обединување и тој пат заедно да го изодиме до крај. Да се интегрираме и како држава и како нација во комплексниот европскиот идентитет, каде се интегрирани големите државотворни нации. Со целата своја специфичност, посебност и различност, со нашата македонска национална гордост да бидеме дел од големото европско семејство, да го потврдиме се она што сме биле, она сме денеска и тоа што ќе бидеме во иднина, рече Зечевиќ.

Генералниот секретар додаде дека роа е вистински модел на современ патриотизам за кој очекува општествен и национален консенцус и заедничко делување на сите одговорни чинители во државата.

Треба да знаете
Последни објави