Search

Земјотрес од 5,5 степени го погоди Таџикистан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Таџикистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Според Тасс, Центарот прецизирал дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 201 километар источно од таџикистанскиот главен град Душанбе.

Треба да знаете
Последни објави