Search

Земјотрес од 5,5 степени во Иран, повредено 31 лице

Најмалку 31 лице е повредено во земјотрес што погоди област во западен Иран, во близина на границата со Ирак, јави иранската новинска агенција „ИРНА“.

Како што се наведува, повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.

Портпаролот на иранската служба за вонредни ситуации, Можтаба Каледи изјави дека 29 лица од повредените се пуштени од болница, откако им била укажана помош по земјотресот.

Претходно, во земјотрес од 6,3 степени според Рихтер што го погоди Иран во ноември, повредени беа повеќе од 700 лица.

Треба да знаете
Последни објави