Search

Земјотрес од 5,1 степен ја погоди Јапонија, нема предупредување за цунами

Јапонскиот град Чибу, во истоимената префектура во која утре за време на посетата треба да игра голф американскиот претседател, денеска беше погоден од силен земјотрес што, според прелиминарните податоци, беше од 5.1 степени, објави јапонската јавен сервис НХК.

Земјотресот бил почувствуван и во Токио што е на 60 километри од Чибу.

НХК објави дека по земјотресот не е објавено предупредување на цунами.

Трамп со сопругата Меланија треба подоцна во текот на денешниот ден да пристигне на официјална посета на Јапонија, а за в недела беше закажана партија на голф со јапонскиот премиер Шинѕо Абе

Треба да знаете
Последни објави