Search

Земјотрес од 3,7 степени по Рихтер во Охрид и Струга

Земјотрес со јачина од 3.7 степени ноќеска околу 2 часот и 20 минути,  е почувствуван во Охрид и Струга. Мештаните велат дека земјотресот ги разбудил, а истиот е почувствуван и во повеќе места во југо-западниот дел на државава.

Дел од коментарите на социјалните мрежи на жителите од овие места се дека биле исплашени. Пред него и после него имало и серија мали потреси во околината на Охрид и Струга.

Треба да знаете
Последни објави