Search

Земјотрес недалеку од Бајкалското Езеро

Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди областа околу градот Иркутск, недалеку од Бајкалското Езеро, јавија руските медиуми. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2.000 метри и 83 километри југозападно од Иркутск, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Засега нема други информации освен дека потресот ги разнишал зградите во петтиот по големина сибирски град во близина на најдлабокото езеро во светот.

Треба да знаете
Последни објави