Search

Земјотрес во Јувентус: Ањели и целиот борд на директори си поднесоа оставки

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели си поднесе оставка, ист чекор повлече и целиот борд на директори на „старата дама“.

Земјотрес во Јувентус, оставки поднесоа претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, генералниот извршен директор Маурицио Аривабене и сите останатите директори од бордот.

Ваквиот потег е резултат на истрагата „Призма“ и процесот кој обвинителството од Торино го покрена против „старата дама“.

Спорни се финансиските извештаи од последните три години и постои сомнеж дека е направена измама од преку 200 милиони евра со помош на фиктивни капителни добивки и маневар со платите.

Треба да знаете
Последни објави