Search

Земјотрес во реонот на Анталија

Земјотрес во реонот на Анталија

Земјотрес со интензитет од 4,0 степени според Рихтеровата скала, изминатава ноќ е регистриран во реонот на јужниот турски град Анталија.

Како што соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили, земјотресот се случил во 3.26 минути по локално време (1.26 часот по средноевропско време) на „голема длабочина“, со епицентар во реонот на местото Коркутели.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Последниве недели во реонот на Анталија беа регистрирани неколу послаби земјотреси. На 12 септември во областа на Анталија беше регистиран земјотерс со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а два дена претходно и потрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтер.

Треба да знаете
Последни објави