Search

Земјотрес во Атина

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја стресе денеска Атина.

Институтот за геодинамика на атинската национална опсерваторија објави дека потресот се почувствувал ширум регионот на Атина.

Епицентарот на земјотресот бил регистриран во морето, на 30 километри североисточно од Атина на длабочина од 15 километри.

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Грчката агенција „АНА“ нагласува дека станува збор за послаб потрес.

Треба да знаете
Последни објави