Search

Земјоделството и земјоделецот заживееја откако СДСМ дојде на власт, вклучени се и во третиот економски пакет,  ВМРО-ДПМНЕ со години ги газеше

Реакција на изнесени ставови на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ



Погубните политики и неодговорното и потценувачко однесување кон трудот на земјоделците е обележје на ВМРО-ДПМНЕ кои цели 11 години го игнорираа земјоделскиот сектор и немаа никаков слух за потребите на земјоделците. Времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане  запаметено како време на уцени, закани и притисоци кон земјоделците , неисплатени субвенции и наталожени долгови.

Освен лаги и обиди за манипулации ништо ново ниту од дополнителниот заменик министер Трипуновски кој и самиот е вплеткан во нечесни игри и злоупотреба на службена должност.

Доаѓањето на СДСМ на власт значеше и подигнување на земјоделецот и земјоделството на едно повисоко ниво. Бројни мерки со цел помагање на земјоделецот, намалување на трошоците, навремен откуп и враќање на наследените долгови.

И во време на криза СДСМ не ги изостави земјоделците. Потврда за тоа се обезбедувањето на интервентната  мерка од дополнителни три денари по килограм зелка од домашно производство, со цел стабилизација на  пазарот со зелка, субвенции за задржување на женско јагне, како и обезбедувањето на  средства во висина од 110 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година, кои ќе се искористат за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

И не само тоа, третиот економски пакет на Владата предводена од СДСМ е насочен кон уште поголема поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно производство и промоција на нови земјоделски култури.

Третиот пакет вклучува: поддршка на аграрниот сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка, платежна картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта која опфаќа  околу 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра, стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти со финансиска поддршка од 3,5 милиони евра, јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор, окрупнување на земјоделско земјиште, оваа мерка очекуваме приходи од 250 милиони евра во следните три години, долгорочен закуп на пасишта, со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот. Со 3 милиони евра се овозможува финансирање на Старт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи. Преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра се овозможува  модернизација на македонското земјоделството, со цел зголемување на конкурентноста и профитабилноста. При што, дел од средствата за овој пакет беа обезбедени преку ребалансот на буџетот за 2020.

Наспроти ова, ВМРО –ДПМНЕ ниту како власт ниту како опозиција не можат да се пофалат со ништо што направиле во интерес на земјоделството и земјоделците.

Во однос на безбедноста на храната, таа не е доведена во прашање. Официјалните контроли се спроведуваат без намален интензитет.

ВМРО-ДПМНЕ нека погледне колку пари издвојуваше за спроведување на програмите за безбедност на храната и здравствената заштита на животните. АХВ и со вака намален буџет има повеќе пари за спроведувањето на програмите отколку што издвојуваше ВМРО-ДПМНЕ кога раководеше со институцијата.

А во делот на директна поддршка и на подршка на рурален развој не се  намалуваат средствата, туку напротив се зголемуваат , а има кратење на непродуктивни и нецелисходни трошоци во период на КОВИД 19 .

СДСМ била и останува на страната на интересите на граѓаните и државата, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои ќе останат истата таа режимска партија која гледа само личен профит на грбот на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави