Search

Зеленски пред зимата ги повика на Украиниците на истрајност и отпорност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на претстојната студена зима, синоќа апелираше до Украинциите за истрајност и отпорност.

-Непријателот многу се надева дека ќе ја искористи зимата против нас: да ги направи зимскиот студ и тешкотиите дел од неговиот ужас, рече Зеленски  во својата редовна секодјенвна ноќна видео порака до сонародниците.

„Мораме да направиме се што можеме за да ја преживееме оваа зима, колку и да е сурова”, додаде тој.

Да се ​​издржи оваа зима, рече Зеленски, значи да се издржи се.

Русија има предност во проектили и артилерија, посочи украинскиот претседател. „Но, ние имаме нешто што окупаторот го нема и нема да го има: го штитиме нашиот дом и тоа ни дава најголема можна мотивација”, нагласи Зеленски.

Украинскиот народ се бори за слобода и ја брани вистината, вели тој.

-За да ја преживееме зимата, мора да бидеме поотпорни и обединети од кога било порано, додаде украинскиот претседател во своето редовно видео обраќање до Украинците.

Треба да знаете
Последни објави