Search

Зеленски потпиша закон за откажување од пратеничкиот имунитет

 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за откажување од пратеничкиот имунитет, од 1 јануари 2020 година.

Претходно, Врховната Рада донесе закон со кој се предлага измена на Уставот во делот што се однесува на откажување од пратеничкиот имунитет од јануари 2020 година.

Пратеникот од партијата Опозициска платформа – за живот Василиј Нимченко рече дека неговата партија ќе го оспори законот пред Уставниот суд.

Имунитетот на пратениците и судиите е утврден во Уставот. Измените бараат посебна и долга постапка. Затоа е неопходно Парламентот да поднесе предлог за вакви измени и до Уставниот суд, а по позитивно мислење, нацрт-законот мора да се гласа на прво читање од најмалку 226 пратеници. Законот може да се донесе со конечно гласање со минимум 300 гласа.

Треба да знаете
Последни објави