Search

Зеленски потпиша декрет со кој го отвора пристапот до Чернобил

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, денеска потпиша декрет со кој се укинуваат претходните бројни забрани за посета на чернобилската „зона“ околу местото на катастрофалната несреќа со нуклеарниот реактор од 1986 година, со цел да се создаде зелен коридор за туристи.

„Треба на светот да му го покажеме Чернобил: научници, еколози, историчари и туристи, сите тие се добредојдени“, рече Зеленски, а пренесе агенцијата „Тасс“.

„Денес потпишав декрет, со кој ќе се отвори процесот на трансформирање на зоната на исклучување во една од новите точки за раст на Украина“, додаде тој.

„Прво ќе создадеме зелен коридор за туристите и ќе ги отстраниме предусловите и за најмала радијација“, рече Зеленски, истакнувајќи дека во тој дел нема да има никакви забрани.

Украинскиот претседател вети дека Чернобил наскоро ќе стане научно и туристичко место кое ќе биде симбол на новите слободи во Украина – без корупции и забрани, но и инвестирање во иднината.

Треба да знаете
Последни објави