Search

Зеленски не треба да се сретне со Путин лице в лице, предупредува неговиот советник

Новоизбраниот украински претседател Владимир Зеленски треба да оствари разговори со рускиот претседател Владимир Путин само со посредство на западните земји, изјави неговиот советник за безбедност и одбрана, Иван Апаршин, пренесува ТАСС.

„Не би му препорачал украинскиот претседател да се сретне со лице в лице со Путин. Ние не можеме да бидеме еден-на-еден со Русија, бидејќи тогаш нема да го решиме овој проблем”, изјави Апаршин за телевизискиот канал ЗИК, истакнувајќи дека разговорите на Зеленски со рускиот лидер треба да вклучат претставници на САД и на Обединетото Кралство.

Според Апаршин, Зеленски не треба да одржи разговори со претставници на самопрогласените народни републики Донецк и Луганск.

„Јас никогаш нема да ја поддржам идејата дека новиот украински лидер треба да седне на преговарачката маса со таканаречените ЛПР и ДПР,” истакна тој.

Според советникот, Зеленски се обидува да ја реши кризата во Донбас, но под услови кои ќе бидат од корист за Украина.

Зеленски, освои убедлива победа на претседателските избори во вториот круг од изборите на 21 април, обезбедувајќи повеќе од 73 отсто од гласовите. Новиот претседател треба да положи свечена заклетва до 31 мај.

Треба да знаете
Последни објави