Search

Зеленски е уверен дека треба да води директни разговори со Путин

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изрази уверување дека е неопходно да се водат директни разговори со неговиот руски колега Владимир Путин, пренесува ТАСС.

Говорејќи за своите планови да се најде решение за кризата во Донбас, Зеленски рече дека е неопходно да се постигне договор со Москва.

„Ќе си дадам уште неколку месеци да го засилам притисокот за да можеме да најдеме дипломатско решение за ситуацијата на Договорите од Минск. Не би сакал да прибегнам кон План Б и План Ц. Иако јавноста може да размислува различно за директните разговори помеѓу Зеленски и Путин, сигурен сум дека треба да го сториме тоа “, рече Зеленски на прес-конференција по повод својата прва година на позицијата.

Во коментар за изгледите на самитот на Нормандиската четворка (Русија, Германија, Франција и Украина), Зеленски ја истакна и важноста на контактите со руското раководство.

„Што се однесува до претседателот на Русија, не можеме да сториме ништо освен да разговараме со нив бидејќи мора да постигнеме договор“, рече тој.

Путин и Зеленски го одржаа својот прв телефонски разговор на 11 јули 2019 година, месец и половина по инаугурацијата на украинскиот претседател. Нивната прва средба лице в лице се одржа на 9 декември на самитот на Нормандиската четворка во Париз. Тие се согласија да се состанат во истиот формат во април, но следниот самит не беше свикан.

Треба да знаете
Последни објави