Search

Зеленски до Русија: Вратете го Крим за да си го повратите местото во Г8

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ предложи на Русија да ѝ го врати Крим на неговата земја за да може да го добие назад своето место во групата највлијателни земји во светот- Г8, пишуваат руските медиуми.

Зеленски преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека Русија треба да го прекине конфликтот во источна Украина и да ги ослободи Украинците кои се наоѓаа во руските затвори. На тој начин, вели Зеленски, земјата ќе даде до знаење дека сака мир и е подготвена повторно да го заземе своето место во големата дипломатија.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со предлогот на неговиот француски колега Емануел Макрон, на средбата на Г7 во САД, во 2020 година, да биде поканета и Русија.

Треба да знаете
Последни објави