Search

Зеленски: Вистината за соборувањето на украинскиот авион не може да се скрие

Наодите на украинските експерти во Иран покажуваат дека вистината за соборувањето на украинскиот авион не може да се скрие, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска во телевизиско обраќање.

Тој кажа дека со иранскиот колега Хасан Рохани се согласиле да почнат да работат заедно за декодирање на црните кутии.

Зеленски апелираше до меѓународните партнери на Украина да бидат обединети и упорни сè додека не заврши истрагата, пренесува „Ројтерс“.

Иран претходно денеска призна дека војската на земјата по грешка истрелала ракета кон украински авион во која загинаа 176 патници и членови на екипажот.

Како што беше наведено, иранската војска го соборила авионот мислејќи дека е непријателско летало, по иранскиот напад на воени бази на САД во Ирак.

Нападот беше одмазда за убиството на иранскиот генерал, Касем Сулејмани, по наредба на САД.

Треба да знаете
Последни објави