Search

„Зелено светло“ за Белград и Приштина наскоро да седнат на преговарачка маса

Белград и Приштина во скоро време треба да седната на преговарачка маса откако Вашингтон дал  „зелено светло“ за да се организира нова средба. Обидот на 27 јуни во Вашингтон да бидат продолжени преговорите меѓу Србија и Косово кои се во прекин подолг период пропадна поради отказите кои стигнаа од Приштина по побараното покренување на обвинение од Хаг за косовскиот преседател Хашим Тачи.

Во разговорот со активисти на американско-албанската заедница, преку видео-конференција, специјалниот претставник за преговорите меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел минатата недела, според тврдењата на Мартин Вулај, поранешниот директор на Албанско-американскиот национален совет, јасно дал до знаење дека оваа прилика не смее да се пропушти, пренесува „Гласот на Америка“.

-Постои страв дека САД би можеле да почувствуваат фрустрација од целиот процес, дека тој самиот (Гренел) би можел да добие други задолженија доколку проценат дека двете страни не се спремни за договор. Ден по видеоконференцијата со нашата група, Гренел се сретнал со претседателот на САД, Доналд Трамп.  Од него побарал и добил „зелено светло“ процесот да продолжи, како последна шанса, ако можам така да кажам, пренесува Вулај за албанскиот сервис на „Гласот на Америка“.

Во фокусот на средбата остануваат економските прашања, но Вулај верува дека овие разговори би можеле да создадат нова енергија, која тој ја гледа како чекор кон политичко решение.

Треба да знаете
Последни објави