Search

Зелените бараат четири портфолија во идната Европска Комисија

 Европските Зелени и поставуваат ултиматум на новоизбраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, за да може да смета на нивната поддршка во Европскиот Парламент.

Ко-претседателот на партијата на Зелени во Европскиот Парламент, Филип Ламбертс, денеска за медиумите изјави дека “не може да сметате на Зелените за да добиете мнозинство во парламентот без да бидеме во комисијата, ако нѐ сакаат, нека нѐ платат”.

Групата на Зелените во Европарламентот вчера гласаа против изборот на Урсула фон дер Лајен, но остварија забележливи резултати на европските избори во мај.

Според математиките во партијата изборниот резултат им дава право на четири еврокомесари во идниот состав. На последниот самит на шефови на држави и влади, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, исто така ги повика идните лидери да им дадат поголемо место на зелените во ЕК од ноември. Зелените не добија ниту една од четири водечки функции на ЕУ што ги договараа лидерите.

По вчерашното гласање за новата претседателка на ЕК, зелените преку соопштение оценија дека таа не ги задоволува барањата на партија во однос на посветеноста кон борбата против климатските промени, но сепак го поздравија нејзиниот про-европски ангажман и порачаа дека се подготвени да соработуваат со неа.

Треба да знаете
Последни објави