Search

Здружените производители на сезонско саксиско цвеќе бараат помош од државата

Ние, здружените производители на сезонско саксиско цвеќе, режано цвеќе и саден материјал од повеќе региони во земјата, би сакале да Ве информираме за загрижувачката состојба во нашиот земјоделски сектор.
Заради експанзијата на вирусот Ковид-19, мерките кои се на сила и неможноста на граѓаните (клиентите) да дојдат до
нашите производи, се соочуваме со финансиска катастрофа и со опасност од целосен колапс. Принудени сме да отпочнеме со уништување на пролет-лето реколтата, бидејќи не постои опција да пласираме и да продаваме цвеќе.

За да биде појасно, оваа алтернативна земјоделска гранка брои десетици компании, стотици вработени, огромни вложувања во опрема и инфраструктура, се развива континуирано од осамостојувањето на државата, а во споредба со другите земјоделски гранки изложена е и на највисоки оданочувања.

По интензивни  консултации со постојаната потсекторската група на производители на цвеќе и украсни растенија формирана при МЗШВ, а во интерес на нашиот опстанок и егзистенцијата на стотици вработени во овој сектор, со цел намалување на штетните економски последициод Ковид-19, предложивме сет на мерки со кои бараме итна и конкретна реакција од министерстото за земјоделство, министерството за економија, министерството за финансии, Владата и кризниот штаб.

Истовремено би апелирале граѓаните и оваа сезона да продолжат со купување на нашите производи. Тоа е исклучително важно во оваа криза, бидејќи секој купен производ е значаен придонес и директна поддршка на земјоделците од оваа гранка.

Уверени сме дека во надминување на предизвиците со коишто се соочува нашиот сектор ќе наидеме на поддршка од медиумите.

Треба да знаете
Последни објави