Search

Здружение ЕСЕ: Во пракса изостанува заштитата на лицата кои се соочуваат со дискриминација

Здружението ЕСЕ во соработка со Институтот за човекови права и со поддршка на Британската амбасада во Скопје, денеска организираше трибина со цел актуелизирањето на прашањето за избор на новите членови на Комисијата за превенција и заштита од дискриминација, кои не беа избрани во законскиот рок до месец август оваа година.

Стојан Мишeв од Здружението ЕСЕ истакна дека она што е најзначајно е дека сега во пракса изостанува заштитниот механизам за луѓето кои се соочуваат со дискриминација, без разлика дали станува збор за Ромите или за лицата кои живеат со ХИВ.

– Суштинско е дека недостасува тој механизам наспроти законската предвиденост. Апелираме од проста причина, бидејќи иако има донесено нов закон за правенција и заштита од дискриминација во мај оваа година, што значи се проширија и надлежностите на комисијата во насока на зголемување на професионализацијата, компетенциите и капацитетите на ова тело, во пракса изостанува имплементацијата на овие одредби. Ако од една страна имаме подобро законско решение кое треба да им го доближи пристапот до правда на луѓето кои се дискриминирани во ова општество, од друга страна тие во моментот немаат можност да поднесат претставка или да иницираат одредена постапка пред ова тело кое треба да ги заштити, рече Мишев.

Тој апелира процесот за избирање на новата Комисија за превенција и заштита од дискриминација да биде транспарентен, врз основа на компетентноста на пријавените кандидати, да се одржи јавна расправа на која ќе присиствуваат сите релевантни чинители во општеството и да бидат јавно објавени предлог кандидатите за членови на оваа комисија и да дојде до нејзино што поскоро формирање.

Мишев истакна дека сите сите луѓе во моментот се оставени без заштита од страна на овој значаен механизам, земајќи предвид дека не функционира Комисијата.

– Она што е позитивно е дека новиот закон за превенција и заштита од дискриминација ги зема предвид сите недостатоци во примената на претходниот закон, вклучително и работата на претходната комисја. Позитивно е и дека со новите законски решенија е дека комисијата има далеку попроширена надлежност во смисла покрај обезбедувањето на заштита во индивидуални случаи на дискриминација на правата на граѓаните. Комисијата има поширока улога во смисла на промовирање на еднаквоста и недескриминацијата генерално на ниво на цело општество. И самиот закон во таа насока предвидува еден проактивен однос од страна на сите органи, институции и тела кои имаат допирнс точка со оваа област, рече тој.

Мишев информира дека како граѓанска организација во моментот спроведуваат истражување со ранливите групи со цел согледување на нивните искуства и пред се кои се нивните очекувања во работата на комисијата, односно што е тоа што им е потребно на луѓето кога ќе се обратат за помош и поддршка како резултат на тоа што се дискриминирани.

Треба да знаете
Последни објави