Search

Здравје во мало пакување: Грозје

Постојат неколку добри причини да ја искористите сезоната на ова вкусно овошје.

Ако барате намирница за ужина која нема премногу калории, а во исто време сакате и да се освежите и да го подигнете нивото на енергија, грозјето е одличен избор. Една порција (една чаша) грозје има само 104 калории, еден грам влакна и многу важни витамини. Сепак, не претерувајте со количината, бидејќи таа количина грозје има и 27 грама јаглени хидрати.

Еве зошто би требало редовно да уживате во ова вкусно овошје:

Грозјето е одличен извор на витамини К и Ц

Витаминот К е важен за здравјето на коските, додека витамин Ц е моќен антиоксиданс кој го забавува стареењето и помога на апсорпција на железо.

Ова овошје има силни антиинфламаторни својства

Антиоксидантите од грозје можат да го намалат оштетувањето на клетките, и да ги заштитат клеточните мембрани од распаѓање. Ако јадете една или две чаши грозје во текот на денот, ќе го намали ризикот од воспалителни процеси во организмот, што се причина за многу хронични заболувања.

Здраво е за срцето

Грозјето содржи многу соединенија кои крвниот притисок го чуваат во здрави граници, ја поправаат циркулацијата и го штитат кардиоваскуларниот систем.

Одлично е за кожата

Фитонутриентите кои се наоѓаат во темно виолетовото овошје ги штитат клетките на кожата од штетните влијанија на УВ зраците, покажаа истражувањата.

Го чува мозокот

Полифенолите од грозјето помагаат за одржување на когнитивната функција со текот на времето, чувајќи го васкуларниот систем во добра форма. Влијае на неутраотрансмитерите, и го намалува ризикот од штетен оксидативен стрес, сето тоа го забавува падот на функциите на мозокот кои неизбежно го придружуваат стареењето.

Ќе ве хидрира

Грозјето има дури 82 проценти вода! А сите знаеме колку е хидратацијата важна за здравјето на кожата, но и за општата состојба на организмот.

Треба да знаете
Последни објави