Search

Здравствените работници во Србија загрижени бидејќи за еден ден се примени 227 пациенти со пневмонија

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во рок од 24 часа на болничко лекување биле примени 227 пациенти со пневмонија. Тој за ТВ Пинк изјави дека во моментов во Србија има околу 4.000 пациенти кои се позитивни на Ковид-19 или имаат симптоми на коронавирусот, и се чекаат резултати.

Како дел од новите мерки во Тутин, Сјеница и Нови Пазар, српската армија ќе ги дезинфицира улиците и здравствените установи.

Во меѓувреме, заменик-директорката на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија, Ивана Милошевиќ изјави дека во болниците низ Белград во последните 24 часа биле примени 144 пациенти, и додаде дека здравствените работници за првпат се сериозно загрижени.

Таа за РТС изјави дека биле во последните 24 часа биле прегледани 320 пациенти, а во текот на ноќта околу 100.

Милошевиќ додаде дека здравствените работници се загрижени и поради огромниот прилив во болниците низ цел

Треба да знаете
Последни објави