Search

Здравков: ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на линија со лицата со попреченост, ќе се бориме да остваруваат надоместок за попреченост и по навршување на 65 годишна возраст

Интегрален текст од изјава на Дејан Здравков

„Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти декември е ден кога ставаме акцент на човековите права за еднаквост и еднаков пристап во сите пори на општественото живеење. Пораките упатени на овој ден имаат голема тежина и претставуваат обврска за сите кои зборуваат, дискутираат и делуваат на ова поле.

Во Република Македонија се проценува дека 10% или околу 200.000 граѓани живеат со некој вид на попреченост. Оваа широка група се уште се наоѓа на маргините на нашето општество подложно на неповолни социо-економски ефекти, низок степен на образование, несоодветни или ограничени здравствени и социјални услуги, понизок степен на вработеност, а со самото тоа и поголема изложеност на ризици.

Денес сме сведоци на голем број настани, активности и процеси започнати во минатото, а се реализираат и во сегашноста во сите пори на општественото живеење. Честопати симболични и недоволни за надминување на бариерите  со кои се соочуваат лицата со попреченост во нивното секојдневно живеење.

ВМРО-ДПМНЕ  секогаш е на линија со лицата со попреченост, така во иднина ќе биде нивен партнер во надминување на бариерите со кои се соочуваат  во нивното секојдневно живеење. Во таа насока денес можеме да ветиме дека ќе се бориме за нивното право на надоместок за попреченост да можат да го остваруваат и по навршување на 65 годишна возраст. Право кое што досега ни беше одземено од Владата предводена од СДСМ.

Дополнително со укажаната поддршка од граѓаните при формирање на идната Влада на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе работиме на донесување на нови законски решенија со кое правото на надоместок ќе може да се остварува и со навршени  65 годишна возраст, ќе работиме и на намалување на возрасната граница на 26 години  на 18 годишна возраст откога ќе започнат да го користат ова право.

Лицата со попреченост заслужуваат многу повеќе.

Не само декларативни заложби туку создавање на услови во изградба на систем каде што тие ќе имаат активно учество и ќе овозможат достоинствен и самостоен живот.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што знае и умее како да обезбеди услови за достоинствен живот на лицата со попреченост.

Во таа насока нашите политики секогаш се насочени кон развивање на систем кој ќе овозможи сигурност, заштита и функционалност во сите сфери од функционирањето на лицата со попреченост.

Треба да знаете
Последни објави