Search

Зголемување на издадени стамбени и автомобилски кредити,намалено издавање на картички

Во јануари, кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран месечен и годишен раст од 0,5% и 9,9%, соодветно. Притоа, нагорната промена на месечна и годишна основа е резултат на зголемената кредитна активност кон секторот „домаќинства“ преку денарски кредити (учество од 88,1% и 67,6%, соодветно). Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица,
вообичаено за првиот месец од годината, кај најзастапената категорија ‒потрошувачки кредити е забележан месечен пад од 0,1%, додека на годишна основа е остварен раст од 10,9%- стои во соопштението на НБРМ.

Станбените кредити и натаму бележат месечен и годишен раст којшто овој месец забавува и изнесува 0,5% и 14,5%, соодветно. Во јануари, автомобилските кредити остварија месечно и годишно
зголемување од 1,0% и 1,1%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,6%, соодветно. Овој месец, негативните салда на тековните сметки забележаа месечен и годишен раст од 9,2% и 4,8%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен пад од 0,5%, при истовремен годишен раст од 1,6%.

Паричната маса во јануари 2019 година бележи надолна месечна промена од 1,1%, главно под влијание на сезонски движења кај  депозитните пари и и готовите пари во оптек, кои го надминаа растот на краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години. На годишна основа продолжи растот, којшто во јануари достигна 11,2%. Годишната промена во најголем дел е условена од зголемувањето кај депозитните пари и краткорочните депозити (со придонес од 85,0%), при мал раст и кај долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек-стои во соопштението.
‒ Во јануари, вкупните депозити бележат месечен пад од 0,8% којшто во поголем дел се должи на намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор, при поумерено намалување и на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, депозитниот раст и натаму е солиден и изнесува 10,6%. Годишната промена е резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, при поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“ (59,9%). По сезонски високиот раст во декември, вкупните кредити во јануари се намалија за 0,8% на месечна основа. Во услови на зголемено кредитирање на секторот „домаќинства“, месечното намалување во целост произлезе од
намаленото кредитирање на корпоративниот сектор, кое забележа значителен пораст во претходниот месец- велат во НБРМ.

Анализирано на годишна основа, стапката на кредитен раст изнесува 7,8% и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“.Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари е евидентирана надолна месечна промена од 2,6%, којашто главно произлегува од намалувањето на депозитните пари, а во помал дел и од падот на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута. Годишниот раст на
депозитите на корпоративниот сектор изнесува 10,6% и во најголем дел е резултат на зголемувањето на краткорочните депозити (во странска валута и во денари),како и на депозитните пари.
‒ Во јануари, кај кредитите на корпоративниот сектор бележиме месечно намалување од 1,9%, додека во споредба на годишна основа е остварен раст од 5,7%. Притоа, најголем придонес во месечниот пад, односно годишниот раст имаат кредитите одобрени во денари.Вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен пад од 0,5%, којшто целосно се должи на намалувањето на депозитните пари, во услови на раст на орочените депозити во денари и странска валута. Анализирано од аспект на валутната структура, на годишна основа е остварена стапка на раст од 9,3%, којашто произлегува од растот и на денарските и на девизните депозити, при
поизразен придонес на депозитите во денари (57,4%)- стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави