Search

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

За два сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на останатите природни езера се исти како вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, само водостојот на Дојранското Езеро е повисок од просекот за април и тоа за 2,96 метри, а нивото на Охридското и Преспанското Езеро е пониско од повеќегодишниот просек за овој месец и тоа за два сантиметра кај Охридското и за 92 санитметра кај Преспанското Езеро.

На речиси сите реки во земјава нивото им е зголемено во однос на вчерашното, а најголемо зголемување има кај реката Црна. Сите реки, воедно, се приближуваат или го надминуваат просекот за април.

Треба да знаете
Последни објави