Search

Зголемен бројот на баратели на азил во Германија

Во текот на јануари 2019 година бројот на поднесени барања за азил во Германија се зголеми за 61,5 проценти во однос на претходниот месец, соопшти денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Тој информира дека минатиот месец германските власти примиле вкупно 17.051 барање за азил, што претставува зголемување за 61,5 отсто во однос на декември 2018 година и за 13 проценти споредено со ланскиот јануари.

Најголемиот дел од барателите на азил во Германија во текот на јануари потекнувале од Сирија, Ирак, Иран и Турција.

Треба да знаете
Последни објави