Search

Зголемено учеството во Фондот за Западен Балкан за реализација на крупните проекти

Земјава ќе го зголеми финансиското учество во Фондот за Западен Балкан. Како што утврди Владата на денешната седница, годишно ќе се уплаќаат 60.000 евра или 3.690.000 денари.

Зголемувањето, соопшти владината прес-служба, е во функција на реализација на крупните проекти.

-На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата за зголемување на учеството на државите-членки во буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи во рамки на својата координација со Фондот за Западен Балкан да ја потврди подготвеноста на Република Северна Македонија, почнувајќи од 2019 година, за уплата на зголемени годишни контрибуции кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, утврдени на износ од шеесет илјади евра (60.000 евра) годишно односно 3.690.000 денари во денарска противвредност, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави