Search

Зголемено ниво на радијација во Скандинавија, Русиja демантира каква било врска со тоа

Русија ги демантира тврдењата дека зголемената радиоактивност во скандинавските земји потекнува од таа земја, пренесуваат светските медиуми.

Сензорите во Шведска откриле зголемување на присуството на нуклеарни честички во близина на Балтичкото Море, јавуваат светските медиуми. Институциите во Шведска, наводно, откриле три изотопи, ЦС-134, ЦС-137 и Ру-103, кои се поврзани со нуклеарна фисија и се присутни во значително повисоки количини од вообичаеното.

Сензорите кои најчесто се користат за откривање на нуклеарно оружје, откриле необјаснето зголемување на нивото на радиоактивност, кое, наводно, доаѓа од Санкт Петербург.
Портпаролот на организацијата надлежна за следење на нуклеарните активности на CTBTOA истакна дека зрачењето „без сомнение“ е предизвикано од нуклеарна фисија, односно процес со кој се создава нуклеарна енергија. Зголемено зрачење е забележано и на територијата на скандинавските земји Финска, Данска и Норвешка.

Портпаролот на нуклеарната централа Розенергоатом во државна сопственост изјави дека две електрани на северот на земјата, за кои постои сомнение дека се „виновни“ за зголеменото ниво на радиоактивност, функционираат нормално.

Електраната Ленинград во близина на Санкт Петербург и електраната Кола кај Мурманск функционираат вообичаено и нивото на радиоактивност е нормално, рече портпаролот, како што е соопштено од руската новинска агенција ТАСС.

Институтот за јавно здравје во Холандија, сепак, објави дека ги анализирал резултатите од нордиските земји и заклучил дека радиоактивните изотопи доаѓаат од правец на западна Русија, пренесува „Дејли мејл“.

„Овие честички се вештачки, односно тие се направени од човеко“, изјавија од агенцијата и додаваат дека одредена локација

Треба да знаете
Последни објави