Search

Зголемено нивото на реките и на Дојранското Езеро

Зголемено ниво во однос на просекот за мај е регистрирано кај реките Вардар кај Јегуновце и Демир Капија, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Штип, Струмица кај Ново Село, Црна река кај Новаци и кај Р.Б. Мост, покажаа мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Нивото на Дојранското Езеро е минимално зголемено, додека нивоата на Охридското и Преспанското Езеро и се во рамки на просекот.

Според најавите од синоптичарите, облачно време со дожд ќе има и утре. За време на викендот времето ќе биде сончево и потопло, а од понеделник повторно се најавуваат врнежи.

Треба да знаете
Последни објави