Search

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Вардар кај Демир Капија, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Штип, на Црна Река кај Новаци, на Црни Дрим кај Ложани, на Треска кај Македонски Брод и на Сатеска кај Ботун.

Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека намалени водостои има на Вардар кај Јегуновце и Велес.

Водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро, според денешните мерења, се во рамки на просекот.

Треба да знаете
Последни објави