Search

Згодната мајка на фудбалерот на Рома има луда идеја, а играчот ѝ порачал: Само кажи “не”!

Младиот фудбалер Николо Заниоло минатото лето пристигнал во Рома како замена за Раџа Наинголан, а по добро извршената работа, цената му пораснала на вртоглави 50 милиони евра.

Заниоло на шпекулациите одговорил дека сака да биде баш како Тоти: “Сакам да бидам симбол на овој клуб и мојата цел е засекогаш да останам во Рома”.

“Не се чувствувам како Тоти, но сон ми е кариерата да ја минам во Рома и во тоа сигурно ќе се обидам”, ветил Заниоло.

Во медиумите неодамна се појавила информација дека младиот фудбалер ја замолил својата атрактивна мајка да престане со провокативните фотографии на Инстаграм, а исто така се противи и на нејзината идна “кариера”.

Франческа неодамна изјавила дека не би имала ништо против и да се појави во реално шоу слично на “Големиот брат”, а нејзиниот син има јасен став за тоа: “Треба само да кажеш не”.

Треба да знаете
Последни објави